„Мартин и Мартина“ е новото поп дуо, вокали снимени со помош на вештачка интелигенција. Снимени се повеќе песни, за кои музиката и текстовите заеднички ги напишаа Ристо Катевеновски и Иле Спасев, а аранжманот е на Спасев,
„Првичната идеја за овој проект е на Иле. Феноменален музичар и продуцент. Му понудив да направи аранжмани за неколку мои композиции, а тој ми понуди вокали снимени со вештачка интелигенција. Заедничкиот проект трае пет месеци и мислам дека е револуционерен во македонската музичка продукција“, вели Катевеновски.
Во рамките на овој проект се снимени песни, кои веќе се објавени на Јутјуб.
„Технологијата напредува неверојатно брзо, а со неа и музичката технологија. Со Ристо решивме да им дадеме шанса на ваквите ‘пејачи‘ и да видиме колку далеку може да се оди. По неколку месеци работа и илјадници проби добивме резултат кој звучи изненадувачки реално. Со овој проект, Македонија го прави првиот чекор во новата ера на музичката креативност“, вели Иле Спасев.