Босанскиот пејач Божо Вреќо ќе одржи концерт во Скопје на 21 ноември, во Филхармонијата од 20 часот, објави продукцијата „Мјузик тајм“.
Вреќо е познат по екстравагантниот стил, моќниот глас и уникатната интерпретација на босанската севдалинка во модерни аранжмани. Често настапува во долги фустани и има препознатлив изглед со долга коса и насликани нокти.
Музиката на Вреќо е несекојдневен опус, модерен карасевдах кој жанровски навлегува во сферите на џезот и блузот. Досега има снимено пет студиски албуми.
Билетите се продаваат преку мрежата на karti.com.mk.