Владо Јаневски и Бајага со неговиот бенд „Инструктори“ ќе одржат заеднички концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје за денот на љубовта и виното на 14 февруари, објави „Авалон“. Од продукцијата велат дека концертот ќе трае четири часа и ќе се пеат само хитови.
„Би сакале да нагласиме дека и Бајага и Владо веднаш ја прифатија оваа идеја, со големо задоволство и почит за другиот. Вечерта ќе ја отвори Владо Јаневски со целовечерен настап со својот бенд, а потоа продолжуваат Бајага и ‘Инструктори‘, исто со целовечерен концерт“, велат од „Авалон“.
Од продукцијата додаваат дека деталите за влезниците ќе бидат објавени утре (2 декември) во 19 часот, а во продажба ќе бидат од 3 декември нa avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.