Хуманитарна оперска гала-вечер во Велес, ќе се одржи на сцената на Велешкиот театар на 20 декември од 19 часот. Цената на билетот е 1.000 денари, а приходот од влезниците од концертот е наменет за поддршка на лицата со попреченост, корисници на социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“.
Гостите ќе настапат со популарни оперски арии, новогодишна програма и Божикни песни. Најавени се: Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, Влатко Груевски – тенор, Дарко Тодоровски – бас баритон во придружба на Андреј Наунов – пијанист/ диригент, Вероника Караколева – сопран во придружба на Фросина Џини пијанистка.
Организатор е Здружението за лица со церебрална парализа од Велес.
П. ПЕЧКОВ