ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТОТ ДИНО ИМЕРИ И СРПСКИОТ ЧЕЛИСТ ДРАГАН ЃОРЃЕВИЌ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (17 декември) од 20 часот, во Музејот на македонската борба концерт ќе одржат виолончелистот од Србија Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и пијанистот Дино Имери.

Ѓорѓевиќ е препознатлив по својата техничка виртуозност, а критиката го вбројува меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Дино Имери е реномиран македонски пијанисти со чести концерти во Македонија и во странство.

На репертоарот се дела од Бетовен, Шнитке, Шуман и Дебиси и композиции од Дијана Имери-Илкоска. Влезот е слободен.