АНА ЛЕВАЈКОВИЌ-БОШКОВ СЛАВИ 30 ГОДИНИ АКТЕРСКА КАРИЕРА ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Со претставата „Црвенкапа“, актерката Ана Левајковиќ-Бошков вечерва (24 декември) во Театарот за деца и младинци ќе прослави 30 години актерска кариера. Јубилејот ќе биде одбележан со изведба на култната претстава „Црвенкапа“, која годинава ја надмина бројката од 300 изведби.

„Вработена во Театарот за деца и младинци од 1995, Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот детски театар. Нејзината уметничка патека е обележана со исклучителна посветеност, искреност и љубов кон сцената, вредности што ја направија препознатлива и сакана од генерации публика“, велат од Театарот.

 

(Фото: Левајковиќ-Бошков во сцена од „Пепелашка“)