Во рамките на 30. Саем на книга, што се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“, денеска во 14 часот ќе се одржи промоција на „Татковата куќа“, најновото дело на италијанскиот писател Џорџо Монтефоски.
Дејството на „Татковата куќа“ во целост се одвива во Рим, при што во еден семеен лавиринт се вкрстуваат минатото и сегашноста. Од перспектива на главниот лик е опишан животот на три генерации на едно семејство, нивните копнежи, радости, загуби и заемни семејни врски.
Настанот во рамките на Саемот го организира „Арс студио“, во соработка со италијанската амбасада во Скопје.
На промоцијата ќе присуствува и самиот автор.