Стриминг гигантот „Нетфликс“ објави фотографија од новата серија која се снима, „Кенеди“ на која се гледа Мајкл Фасбендер во улогата на Џо Кенеди постариот. Покрај фотографијата, „Нетфликс“ објави дека 13 актери ќе се приклучат на екипата, меѓу кои се: Лора Донели, Ник Робинсон, Џошуа Мелник.
Серијата е базирана на книгата на Фредрик Логевал насловена „ЏФК: Созревање во американскиот век, 1917-1956“ и според најавата „Ги открива интимните моменти, љубовните врски, ривалствата и трагедиите што ја обликувале најлегендарната династија во модерната историја и помогнале да се создаде светот во кој живееме денес“.
Започнувајќи од 1930-тите години, првата сезона го следи неверојатниот подем на Џо и Роуз Кенеди и нивните девет деца.
Продукцијата на првата сезона, која ќе има осум епизоди, веќе е во тек во Лондон.