БЕЛГРАДСКИТЕ РОКЕРИ „ВАН ГОГ“ СО НОВА ПЕСНА ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На Светскиот ден на планетата Земја, рок-групата „Ван Гог“ од Белград ги промовираше новите песна и видеоспот „За планетата С.O.С.“, како трет сингл од нејзиниот претстоен, 11. студиски албум.

Од бендот велат дека ова е песна со силна еколошка порака, осмислена како музички триптих. Првата верзија се појави во 2024 во изведба на детскиот хор „Колибри“, додека новата верзија, „Ван Гог“ ја сними заедно со детски хор.

Од бендот најавуваат дека третата, финална верзија на песната е веќе во подготовка, со што ќе се заокружи овој уникатен музички концепт, посветен на заштитата на животната средина.