Во Галеријата „Остен“ во Скопје е отворена изложба на карикатури од Хрватското друштво на карикатуристи.
На изложбата се претставени карикатури од Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер-Геро, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ-Дадо, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ-Лекс, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко-Ник Титаник, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван Саболиќ и Даворин Трговчевиќ.
На отворањето во полниот салон на „Остен“, хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ (фото) доби карикатура за подарок.
Друштвото е основано во 1985 во Загреб и ги обединува речиси сите хрватски карикатуристи, и професионалци и оние за кои карикатурата е хоби. Денес брои околу 80 членови.

Покрај организирањето на изложби во Хрватска, една од главните активности на Друштвото е заедничко испраќање карикатури на светски фестивали, на кои што хрватските карикатуристи досега освоија повеќе од 500 награди и признанија.
Изложбата ќе трае до 28 април.
Фото: СМАРТ СДК.МК