„МАНДРАК“ ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРВИОТ АЛБУМ СО ПЕСНИ НА 11 ЈАЗИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Скопје се одржа промоцијата на првиот албум „Тишина“ на музичкиот проект „Мандрак“, зад кој стои авторот и продуцент Јован Ристов. Албумот содржи 14 песни и е целосно продуциран и мастериран во студиото „Мандрак мјузик“ во Манчестер, каде што Ристов живее и работи повеќе од дваесет години.

„Секоја од песните на албумот ќе биде објавена на 11 јазици. Во првата фаза се подготвени четири песни на македонски, англиски и српски јазик, додека во наредниот период ќе се објават и песни на кинески, индонезиски, германски, шпански, француски, италијански, хинду и јапонски. Дел од материјалот е реализиран во соработка со млади музичари од Балканот кои живеат во Англија и Канада“, рече Ристов на промоцијата.

Музичарот Јован Ристов (десно) со новинарите Искра Канзурова и Игор Филевски-Филе (Фото: Фејсбук)

Од денот на промоцијата, содржините на „Мандрак“ започнаа да се објавуваат на глобалните музички платформи, како Спотифај, Епл Мјузик, Амазон Мјузик, Тенсент Мјузик и Јутјуб и на социјалните мрежи.