„Нетфликс“ соопшти дека филмот „Narnia: The Magician’s Nephew“ на Грета Гервиг ќе има широка кинодистрибуција следната година и ќе се прикажува повеќе од 45 дена, што е прв таков потег на стриминг гигантот.
Напишан и режиран од Гервиг, филмот е првата адаптација на книгата на К. С. Луис од 1955 која го истражува потеклото на Нарнија. Ќе биде објавен во кината на 12 февруари, а достапен на „Нетфликс“ од 2 април.
Ова е значително отстапување за „Нетфликс“, кој обично објавува филмови исклучиво на својата стриминг платформа. Исклучоци беа некои филмови со потенцијал да освојат Оскар, но тие кратко се прикажуваа во ограничен број киносали. „Нетфликс“ соопшти дека се одлучил за широко киноприкажување на „Нарнија“ поради големата популарност на серијалот низ светот.
Во филмот глумат Мерил Стрип, Кери Малиган, Даниел Крег и Киран Хајндс. Снимањето на „Нарнија“ чинело над 320 милиони долари, што го прави најскап филм во историјата на „Нетфликс“.
(Фото: Фејсбук)