На 20 мај од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Пролетни поздрави од Австрија-Бисери на класичната музика“. Оркестарот ќе свири дела на двајца великани на класичната музика, Франц Шуберт и Јозеф Хајдн, а ќе настапат уметници од Австрија. Ќе диригира австриската диригентка Елизабет Атл (фото), а како солист ќе настапи виолончелистот Јеремијас Флидл.
Концертната програма започнува со увертирата „Волшебната харфа“ во Ц-дур (Розамунда)“ од Шуберт, по што следува „Концерт за виолончело бр. 1 во Ц-дур“ од Хајдн, во изведба на Флидл. Вечерта ќе заврши со едно од најпознатите дела на Шуберт, „Симфонија бр. 8 во Х-мол (Незавршена)“.
Концертот го организира Амбасадата на Австрија во соработка со Филхармонијата.
(Фото: Ј. Весли)