Платформата „Терапија“ во Скопје организираше стручна трибина посветена на улогата на ноќната култура во современиот урбан живот, со учество на уметникот и истражувач Богомир Дорингер. На настанот присуствуваа диџеи, организатори, психотерапевти, професори и претставници на институции, кои дискутираа за состојбата и иднината на ноќниот живот во градот.
Посебен акцент беше ставен на последиците од трагедијата во Кочани, која доведе до намалување на бројот на активни клубови и построги регулативи. Како клучен заклучок се издвојува потребата од создавање независна платформа што ќе посредува помеѓу институциите, културниот сектор и граѓаните за развој на одржлива и безбедна ноќна сцена.
Учесниците кажаа дека обновувањето на ноќната сцена бара поголема безбедност, институционална поддршка, меѓусекторска соработка и едукација на публиката. Како еден од главните заклучоци беше посочена потребата од формирање независна платформа која би била мост помеѓу градските власти, културните работници, бизнис-секторот и граѓаните, со цел долгорочен развој на урбаната култура во Скопје.