Денеска (3 јуни) од 20 часот, во киното „Мис Стон” во Прилеп ќе се одржи проекција на новиот филм „Железна тврдина” во режија на Митко Панов, во продукција на „Пиреј филм“.
Актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар и гости, меѓу кои и Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски и Атиџе Муратова.
Филмот е снимен во соработка со невладината организација „Небо“ од Суводол, предводена од Јасмина Котевска и Стефан Шашков. Темата е филмот како терапија, во контекст на веќе популарното користење на сликањето, музиката и раскажувањето како терапевтски и дијагностички алатки во работата со лица со психички нарушувања.
Влезот е слободен.