Вечерва (5 јуни), на сцената на Хрватско народно казалиште ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски.
Музиката ја напиша Кирил Џајковски кој со Поповски соработува повеќе од 20 години. Во „Идеален маж“, едно од најзначајните дела на Оскар Вајлд, Поповски се навраќа на темите како политичката моќ, моралот, лицемерието и општествените маски.
Во тимот на претставата е вклучена македонската костимографка Миа Поповска. Сите 5 изведби во јуни се во целост распродадени.