ДЕЈВИД БЕКАМ Е ПРВИОТ ФУДБАЛЕР СО ЅВЕЗДА НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ ВО ХОЛИВУД

Лос Анџелес, (Пипл)

Сер Дејвид Бекам стана првиот фудбалер што добил ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Поранешниот капитен на Англија го доби признанието поради фудбалската кариера и влијанието кое го има во модата и поп-културата.

Бекам ја доби 2.849-тата ѕвезда на Патеката на славните. Меѓу другите спортски личности кои имаат ѕвезда се:  Шекил О’Нил, Били Џин Кинг и Мухамед Али.

„Морам да признаам дека сето ова изгледа прилично надреално. Доживеав многу неверојатни моменти во мојата кариера, но да бидам овде во Лос Анџелес и да добијам ѕвезда на светски познатата Патека на славните е навистина неверојатно“, рече Бекам на свеченоста.

(Фото: Гети)