На 3 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20.30 часот ќе се одржи концерт на НУ „ТАНЕЦ“.
На 6 јули на истото место настапува хрватскиот фолклотрен ансамбл „Ладо“, со кој „Танец“ често соработува.
Двата познати фолклорни ансамбли потоа ќе имаат два заеднички концерти, на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Скопје, во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје.
„Овој незаборавен аудио-визуелен спектакл ќе донесе врвна кореографија, колоритни носии и моќни вокали кои ја слават традицијата“, велат организаторите.
Билетите се пуштени во продажба преку мрежата на Купи карта.