Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија и „Перипетија продукција“, ја доби Гран при наградата на 27. издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска.
Актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за својата изведба на Анна.
По Умаг, следната фестивалска изведба на „Анна“ е на меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата е на редовниот репертоар на Театар Комедија, а следната изведба е закажана за 23 септември.