Поп ѕвездата Тејлор Свифт и рагбистот Тревис Келси се венчаа на 3 јули во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, на свеченост полна со ѕвезди од спортот и шоу-бизнисот. Матичар беше холивудскиот актер Адам Сендлер.
По завршувањето на церемонијата, на билборд на салата во центарот на Менхетен се појави напис „ Т тукушто венчани“ (Just &T Married).
Двојката немаа кум и деверица во традиционална смисла. Наместо тоа, помладиот брат на Свифт, Остин Свифт, ја имаше улогата на нејзин почесен придружник додека постариот брат на Келси, Џејсон Келси, беше негов најдобар придружник, соопшти портпаролката на Свифт, Три Пејн.

Невестата и младоженецот носеа креации на модната куќа „Диор“, изработени од Џонатан Андерсон. Чевлите беа специјално изработени од „Кристијан Лубутен“, а невестата носеше накит од „Картиер“.
Mеѓу гостите беа актерите Бредли Купер, Зои Кравиц, Хју Грант и Итан Хоук, манекенките Џиџи Хадид и Карли Клос, комичарот Крис Рок, режисерот Стивен Спилберг, пејачката Камила Кабељо и писателката Џени Хан.
(Фото: РТЕ)