ПРОЕКЦИЈА НА „БИКИНИ МУН“ НА МАНЧЕВСКИ И ФОТОИЗЛОЖБА ОД НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Проекција на филмот „Бикини Мун“ на режисерот Милчо Манчевски и изложба на фотографии од Националниот џез оркестар се двата настана најавени за денеска (14 јули) на Скопско лето.

Проекцијата на „Бикини Мун“ е закажана во 20:15 часот во Кинотеката. Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе се отвори во 20:30 часот во Музејот на Град Скопје.

„Поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар, пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти“, велат од Скопско лето.

Влезот е слободен.