Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“ во рамките на Велешко лето. Насловен е „Во чест на Ало Тончов, великанот на велешката чалгија“. Влезот е бесплатен.
На 21 јули, на Светскиот ден на музиката, концерт во Младински парк ќе имаат групата „Д Чикс“ и велешанецот Александар Анастасов-Прија, што исто така е дел од Велешко лето.