Ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси првпат јавно проговори за свадбата со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, која се одржа на 3 јули во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
„Тоа беше најубавата ноќ во мојот живот“, рече Келси пред новинарите во тренинг-кампот на Канзас Сити Чифс во Мисури.
Келси и Свифт се венчаа на церемонија која во голема мера беше скриена од јавноста, а ги венчаше актерот и комичар Адам Сендлер. Официјални фотографии од свадбата сè уште не се објавени.
„Беше навистина убаво да го остварам детскиот сон и да се венчам на тоа место, меката на спортските арени“, рече Келси.
По свадбата, Келси се врати на подготовките со Канзас Сити Чифс. Тој во октомври ќе наполни 37 години, а иако се шпекулира дека претстојната сезона би можела да му биде последна, засега не најавува пензионирање.
„Сè уште многу ја сакам оваа игра. Сакам да си докажам дека можам да играм на повисоко ниво отколку минатата година“, рече Келси.
(Фото: ГЦ Имиџис)