Вечерва (19 август) во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција, ќе се отвори изложба на слики, графики и видеа од визуелниот уметник Мице Јанкуловски насловена „Пигменти и пиксели“.
Ќе се изложат над 50 дела од повеќе години од творештвото на уметникот.
„Ова не е конфронтација помеѓу старото и новото. Тоа е разговор. Пигментот и пикселот се едноставно различни вокабулари за истиот јазик – јазикот на перцепцијата на уметникот“, вели Корнелија Конеска, кураторка на изложбата.