Џенифер Анистон ќе ја игра првата американска геј претседателка во новиот филм на „Нетфликс“, „Први дами“. Нејзината сопруга ќе ја глуми Тиг Нотаро.
Филмот се базира на сценариото на Нотаро и нејзината сопруга Стефани Алин.
Политичката комедија се фокусира на Беверли и Кејси Николсон, првата жена претседател на САД и нејзината сопруга. „Први дами“ најавува дека ќе покаже дека зад секоја голема жена стои уште една одлична жена.
Филмот е продолжение на одделните соработки на Анистон и на Нотаро со „Нетфликс“. Анистон ќе глуми со Адам Сендлер во комедијата „ Убиствена мистерија“, додека Нотаро наскоро на платформата ќе го прикаже својот специјален проект „Тиг Нотаро: Среќна сум што сум тука“.