БЕСПЛАТНА ТУРА „35 ГОДИНИ – 35 ПРЕДМЕТИ – 35 ПРИКАЗНИ“ ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НА 8 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СмартСДК)

По повод 35-годишнината од независноста на државата, Археолошкиот музеј во Скопје на 8 септември организира посебна бесплатна музејска тура „35 години – 35 предмети – 35 приказни“ што ќе почне во 11 часот и ќе трае целиот ден.

Преку 35 внимателно избрани предмети од постојаната поставка, ќе може да проследат илјадници години историја и културно наследство. Предметите ќе бидат означени со македонското знаме, со што ќе можат лесно да се пронајдат низ музејската поставка.

Во рамките на турата ќе биде промовиран и специјалниот каталог „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, со текстови подготвени од кустосите и експертите на Археолошкиот музеј.

 

(Фото: К. Попов)