Детскиот фестивал „Поточиња“ ќе одржи аудиција за нови членови од 14 до 16 септември во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче во Скопје. На аудицијата можат да учествуваат деца на возраст од 5 до 12 години, кои треба да подготват една песна по свој избор. Не е потребно претходно пријавување.
Со аудицијата почнуваат подготовките за „Поточиња 2027“, кое ќе биде негово 24. издание и е планирано да се одржи напролет.