ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ Е ЛАУРЕАТ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот Тони Михајловски е годинашниот лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој од 28 септември до 6 октомври ќе се одржува во Крива Паланка. По тој повод, на 28 септември во салата на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи свечена академија посветена на познатиот актер.

Во фестивалската програма ќе настапат Театар Комедија од Скопје со „Кокошка“, уметничката работилница „Призор плус“ од Белград со „Комедија на збрката“, Велешкиот театар со „Тестостерон“, Кумановскиот театар со „Не можам да платам, не сакам да платам“, продукцијата „МАНА“ во копродукција со МНТ со „Вонземјани“, Народниот театар од Лесковац со „Прељубници“, Општинскиот народен театар од Ќустендил со „Мојот најдобар пријател“, продукцијата „Монтесцена“ од Подгорица со „Црногорец во кревет“ и продукцијата „МониКарт“ од Нови Сад со „Балкански мажи“.

Претставите ќе се играат во киносалата при Центарот за култура од 19:30 часот. Фестивалот е во организација на здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка.