ВО ОХРИД СУМ НАЈСПОКОЕН, ВЕЛИ ЧЕТКАР ЗА НОВАТА ПЕСНА ПОСВЕТЕНА НА РОДНИОТ ГРАД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Џез-гитаристот Владимир Четкар го објави спотот за авторската песна „Охрид“, за која вели дека е инспирирана од убавината и духот на неговиот роден град. Четкар е автор на музиката, текстот и аранжманот и продуцент на песната, која е снимена и продуцирана во Чикаго и Њујорк, а постпродукцијата е направена во Лондон.

„Каде и да патувам низ светот, Охрид ми е главната станица, а чувството на спокој што го добивам таму е незаменливо“, вели Четкар.

Паралелно со објавувањето на спотот, Четкар продолжува со меѓународните настапи. На 16 октомври е во Белград, а на 23 октомври во Виена. Во ноември ќе свири во Детроит, Њујорк и Кливленд.