Меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ ќе се одржи на 24 октомври од 19 часот во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. На фестивалот ќе настапат 16 деца со 16 нови песни.
Учесниците доаѓаат од: Македонија, Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Украина, Израел, Грузија, Узбекистан, Србија и Бугарија.
Фестивалот „Ѕвездички“ се одржува 26 години, а низ годините на него настапувале деца од повеќе земји од светот, од Аргентина до Кина.
На фестивалот учествуваат деца на возраст до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во три возрасни категории. Во секоја категорија ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, а ќе биде прогласен и добитник на Гран при наградата за севкупен победник на фестивалот.
Целта на „Ѕвездички“ е да ги промовира младите музички таленти, детското творештво и пријателството меѓу децата од различни земји.
16 ДЕЦА ОД ДЕСЕТ ЗЕМЈИ ЌЕ НАСТАПАТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЅВЕЗДИЧКИ“ ВО СКОПЈЕ
Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)