ИГРАТА „ESCAPE FAKE“ УЧИ КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ ЛАЖНИ ВЕСТИ, СЕГА Е ДОСТАПНА И НА МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

„Escape Fake“, интерактивна игра со проширена реалност, преку која младите учат да препознаваат лажни вести, манипулирани фотографии и дезинформации, сега е достапна и на македонски и албански јазик. Играта е бесплатна, може да се игра на мобилен телефон и таблет, а достапна е и на осум други европски јазици.

Како дел од Деновите на медиумска писменост од 26 до 30 октомври „Јуроп хаус“ организира интерактивни работилници за средношколци, на кои учениците ја испробуваат играта и учат како да препознаваат дезинформации на интернет.

Играта е развиена во Европската Унија со поддршка од програмата „Креативна Европа“. Со помош на Хана, етичка хакерка и историчарка, играчите поминуваат низ две мисии, „Музеј на дезинформации“ и „Ситуација во автобусот“, во кои откриваат манипулирани фотографии, лажни приказни и сомнителни интернет профили.

Целта на иницијативата на „Јуроп хаус“ и Делегацијата на Европската Унија е младите преку игра да развиваат критичко размислување и да научат да ги проверуваат информациите пред да ги споделат на социјалните мрежи.

Играта е бесплатна, а повеќе информации за преземањето се достапни на europehouse.mk.