Уникатни модни креации изработени од жени од осум општини во Македонија ќе бидат претставени на ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, која ќе се одржи утре (30 октомври) од 19 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.
Ревијата ја организираат Амбасадата на Словенија во Скопје и здружението „Центар за добредојде во Македонија“, во рамките на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаети и одржливост“, поддржан од словенечката амбасада.
Преку проектот, жени од осум општини ги развивале своите вештини во традиционалните занаети, креативноста и одржливото создавање, а нивните рачно изработени креации ќе бидат претставени пред публиката. Креациите ќе ги носат жени од дипломатскиот кор и од јавниот живот, испраќајќи порака за женска солидарност и еднакви можности..