Полските музичари Мариуш Патира (виолина) и Радослав Курек (пијано) ќе одржат концерт на 17 ноември од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата во организација на Охридско лето. Концертот е дел од активностите на Охридско лето надвор од редовната летна фестивалска сезона.
„Со овие концерти продолжуваме да ја промовираме врвната музичка уметност и да ѝ овозможуваме на публиката квалитетни музички доживувања во текот на целата година“, велат од Охридско лето.