Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт на 15 ноември во театарот „Свети Винсент де Пол“ во Лука, Малта.
Пред македонската дијаспора и меѓународната публика, играорците, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе изведат познати кореографии, изворни ора и народни песни, претставувајќи го богатството на македонската фолклорна традиција, автентичните носии и музичкиот израз.
„Патувањето во Малта е уште еден значаен чекор во нашата меѓународна агенда за поврзување на нашата дијаспора со корените, но и за промовирање на македонскиот културен идентитет пред европската публика“, велат од „Танец“.
Гостувањето е дел од редовните меѓународни активности на ансамблот, кој со децении ја претставува македонската традиција на светските сцени.