Џони Деп се враќа во американските кина со филмот „Ебенезер“, нова адаптација на славната „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс. Светската премиера се одржа на 9 ноември во Лондон, каде што актерот се појави пред публиката и медиумите.
Деп го толкува ликот на Ебенезер Скруџ, богатиот, но скржав и осамен човек, кој во текот на една божиќна ноќ го посетуваат духови кои го соочуваат со неговите минато, сегашност и иднина. Филмот е во режија на Тај Вест, а во кината треба да пристигне на 13 ноември.
Ова е своевидно враќање на Деп во голема холивудска продукција по долгогодишната пауза и судските спорови со поранешната сопруга Амбер Херд, кои привлекоа огромно медиумско внимание. Тој во изминатите години беше посветен на независни филмски проекти. Во 2023 година глумеше во францускиот историски филм „Жан ди Бари“, со кој се отвори Канскиот филмски фестивал.
(Фото: Гети)