ФИЛИПИНСКАТА ПЕЈАЧКА КАРМЕЛ ПОБЕДИ НА ПРВАТА ЕВРОВИЗИЈА ВО АЗИЈА

Тајланд, (АП)

Деветнаесетгодишната пејачка Кармел од Филипини победи на првото издание на Евровизија Азија, кое се одржа во Бангкок, Тајланд. Таа победи со песната „Премногу“ освојувајќи 211 поени од стручното жири и публиката, во конкуренција на претставници од 11 азиски земји.

Кармел, чие целосно име е Кармел Коладо, настапи со енергична поп-песна со рап-елементи, испеана на тагалог и англиски јазик. Песната е посветена на силата и независноста на жените од Филипини.

„Испишав историја бидејќи ова се случува првпат. Тоа е голема одговорност за мене, бидејќи станува збор за светска сцена. Им благодарам на сите што гласаа“, рече младата пејачка по победата.

Второто место го освои Тајланд со дуото Манг и Дау, а трет беше Виетнам, кој го претстсвуваше пејачката Ток Тиен.

Специјална гостинка на вечерта беше бугарската пејачка Дара, победничка на годинашната Евровизија во Виена, која ѝ го врачи победничкиот трофеј на Кармел.

Првото азиско издание на Евровизија се одржа во рамките на проширувањето на музичкиот натпревар, кој годинава одбележува 70 години од своето основање. Организаторите најавија дека се заинтересирани за продолжување на натпреварот и во наредните години.

 

Фото: АП