СЕРИЈАТА НА РОЗЕН БАР ОТКАЖАНА ПОРАДИ РАСИСТИЧКИ ТВИТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

ТВ-мрежата Еј-Би-Си ја укина серијата на комичарката Розен Бар по само една сезона, откако таа објави расистички твит, во којшто советничка на Барак Обама спореди со мајмун.

Бар напиша на Твитер дека Валери Џерет е дете на Муслиманско братство и на филмот „Планета на мајмуните“.

„Изјавата на Бар на Твитер е гнасна, одвратна и несоодветна со нашите вредности и затоа решивме да ја откажеме серијата“, стои во соопштението на Еј-Би-Си.

Таа подоцна го избриша постот и се извини за она што го нарече „лоша шега“.

„Им се извинувам на Џерет и на сите Американци. Тоа беше лоша шега за нејзините изглед и политика“, кажа Бар.

„Розен“ првично се емитуваше од 1988 до 1997 година и во март имаше толку успешен камбек, што и Доналд Трамп лично ѝ се јави на Бар за да ѝ честита.