БАГ ГИ ОТКРИ ЛОЗИНКИТЕ НА СИТЕ 336 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ НА ТВИТЕР

Њујорк, (Гардијан)

Твитер ги предупреди сите свои 336 милиони корисници да променат лозинка, откако компанијата откри баг кој ги складирал сите лозинки во незаштитен текст во надворешен систем.

Компанијата кажа дека, во меѓувреме, го средила проблемот, заклучувајќи дека нема назнаки дека имало пробив или злоупотреба. Сепак, сите корисници биле советувани да си ја променат лозинката на Твитер за секој случај.

Многу ни е жал за тоа што се случи. Ја цениме довербата што ја имате во нас и се трудиме секој ден да ја заслужиме таа доверба“, изјави шефот на технолошкиот оддел на Твитер, Параг Агравал.

Компаниите кои имаат добри безбедносни практики вообичаено складираат лозинки во форма што не може да се прочита. Во случајот на Твитер, тие се замаскирани низ процес што се вика „хешинг“, кој ја заменува лозинката со случајна комбинација на букви и бројки и потоа таа се складира во систем на компанијата.