Сеул почна да тестира мали работи како помош при учењето во градинките, со цел новите генерации да се подготват за високотехнолошката иднина.

Роботите „алфа мини“ се високи само 25 сантиметри и знаат да танцуваат, пеат, раскажуваат приказни и кунг фу потези, додека децата ги имитираат нивните движења.

„Роботите ја помагаат креативноста на децата“, вели воспитувачот Бјун Сео-јун.

Очите на роботите трепкаат и намигнуваат, а на шлемот имаат камера која снима фотографии што веднаш се појавуваат на таблет.

„Во иднина ќе биде многу важно да се знае како да се ракува со вештачка интелигенција и слични алатки“, вели Хан Донг-сонг од одделот за деца во владата на Сеул, која го спроведува овој пилот-проект.

Роботите се тестираат во 300 претшколски установи, при што владата ја препорачува програмата за децата од три до пет години.