ГОТВЕТЕ СО ЛЕПАК И ЈАДЕТЕ КАМЕЊА -„ГУГЛ“ ДАВА СМЕШНИ ОДГОВОРИ НА ПРЕБАРУВАЊАТА СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

САД, (Ен-Би-Си)

„Гугл“ ги советува корисниците да пушат за време на бременоста, да готват со лепак и да јадат камења. Некогаш најдоверливата алатка за пребарување неодамна претрпе значителна промена, ставајќи го „AI Overview“, односно одговорите базирани на вештачка интелигенција, над другите резултати од пребарувањето за многу прашања.

Иако ова не е добро за сопствениците на сајтовите кои заработуваат од луѓето кои кликаат на нив, тоа е уште полоша вест за корисниците бидејќи им се сервираат целосно лажни информации.

Ова се некои од најсмешните одговори што вештачката интелигенција на „Гугл“ ги дава на прашањата на корисниците:

„Можете да го оставите кучето во жешка кола“.

„1919 беше пред 20 години“.
„Сосема е нормално лебарките да живеат во вашиот пенис“.
„Лекарите препорачуваат да пушите 2 до 3 цигари дневно за време на бременоста“.
„Додадете лепак на пицата за да се залепи сирењето“.
Откако овие примери се раширија низ социјалните мрежи, „Ен-Би-Си њуз“ спроведе свој експеримент и откри дека вештачката интелигенција на „Гугл“ навистина дава лажни информации како одговор на едноставни прашања.

„Примерите што ги видовме генерално се многу необични прашања и не го претставуваат искуството на повеќето луѓе во користењето на пребарувањето. Мнозинството одговори на вештачката интелигенција обезбедува висококвалитетни информации“, рече портпаролот на „Гугл“.

(Фото: Икс)