„ГУГЛ“ ГО ЗАСИЛИ СВОЈОТ ИНТЕРНЕТ ПРЕБАРУВАЧ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Гугл“ објави дека воведува генеративна вештачка интелигенција во својот основен интернет пребарувач, во обид да му конкурира на „Мајкрософт“, кој порано оваа година го додаде ГПТ-4 во пребарувачот Бинг.

Search Generative Experience ќе создава одговори на отворени прашања, соопшти компанијата, додавајќи дека системот засега ќе биде достапен на помал број луѓе, зашто и натаму е во експериментална фаза.

На својата годишна конференција на програмери, компанијата соопшти дека ја отстранува листата на чекање за Бард, нејзината експериментална услуга за разговор, која ќе биде достапна на англиски јазик во 180 држави и територии.

Четботот наскоро ќе може да одговара на барањата со слики, а не само со текст“, изјави Сундар Пичај, шефот на компанијата „Алфабет“, во чија сопственост е „Гугл“.

Компанијата беше под притисок да ја забрза својата понуда за вештачка интелигенција по големиот успех на ЧетГПТ на „ОпенАИ“, во чиј развој „Мајкрософт“ вложи многу пари.

(Фото: АП)