ИЛОН МАСК ЌЕ ДОБИЕ ПЛАТА САМО АКО „ТЕСЛА“ ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Милијардерот Илон Маск нема да добие плата, ниту бонуси од компанијата „Тесла“, туку сите негови компензации како извршен директор ќе бидат врзани за посебни достигнувања, како во работата, така и на берзата.

„Тесла“, исто така, стави крај на шпекулациите дека Маск ќе се повлече во скоро време, додавајќи дека овие амбициозни планови го обврзуваат да остане извршен директор, како и на сите други функции во компанијата.

„Ова гарантира дека Илон ќе продолжи да го води менаџментот на ‘Тесла‘ уште долго време и овозможува да се ангажира уште еден извршен директор, кој ќе му одговара на Маск во иднина“, се вели во соопштението на компанијата, не прецизирајќи кога ќе се случи тоа.

Ова беше објавено, откако долго очекуваниот „модел 3“ промаши неколку производствени рокови, што предизвика загриженост дури и на Вол стрит.

Маск ќе добие компензација од компанијата само доколку „Тесла“ се покаже „исклучително добро“.

„За да ја добие Илон својата награда, пазарната вредност на ‘Тесла‘ мора да порасне на 650 милијарди долари. Таа моментално е на 60 милијарди“, соопшти компанијата.