Кинеската централна банка објави дека сите трансакции со криптовалути се илегални, фактички забранувајќи ги дигиталните токени, како биткоин.

„Бизнис активностите кои вклучуваат виртуелни валути се незаконски финансиски активности. Тие сериозно ја загрозуваат безбедноста на имотот на луѓето“, соопшти Народната банка на Кина.

Кина е еден од најголемите пазари за криптовалути на светот и тамошните флуктуации неретко се одразуваат на нивната глобална цена. Вредноста на биткоинот падна за повеќе од 2.000 долари во пресрет на кинеската објава.

Тргувањето со криптовалути е официјално забрането во Кина од 2019, но продолжи да се одвива онлајн преку странски размени.