Новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, во Скопје ќе игра од 7 октомври. Светската премиера е закажана на 28 септември во Лондон.

Во Скопје ќе игра и во Милениум и во Синеплекс, потврдија од двете кина за СМАРТ СДК.МК.

Премиерата на „Не е време за умирање“ трипати беше одложена од првичниот термин во април 2020, откако пандемијата ги затвори киносалите низ светот во март лани.

Џејмс Бонд е меѓу филмските франшизи со најголема заработка во Холивуд. „Спектра“ од 2015 заработи 880 милиони долари, а „Скајфол“ повеќе од една милијарда долари на глобално ниво.

„Не е време за умирање“, кој чинеше околу 200 милиони долари, го означува последното појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 и е меѓу најочекуваните блокбастери за оваа есен. Режисер е Американецот Кери Фукунага, а играат и Наоми Харис, Леа Сејду и Рами Малек.