Кинеските мобилни оператори почнаа да даваат 5Г услуги, додека земјата се обидува да стане глобален технолошки лидер.
Претходно оваа година, и Јужна Кореја, САД и Велика Британија пробно, на ограничено подрачје, ги лансираа своите 5Г мрежи.
5Г значи петта генерација на мобилна интернет поврзаност и ќе овозможи корисниците да доаѓаат до податоци многу побрзо и со помало одложување. Таа исто така треба да обезбеди поширока покриеност и постабилни конекции.
Супербрзите услуги сега им се достапни на корисниците во 50 кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај, а месечна претплата се движи меѓу 128 јуани (14 фунти) и 599 јуани.
Владата соопшти дека до крајот на годината ќе бидат активирани повеќе од 130.000 базни станици за поддршка на 5Г мрежата, која со тоа ќе стане најголема на светот. Најголемиот дел од опремата ќе го обезбеди „Хуавеи“.