КОРЕЈСКА ПОП ГРУПА СОБРА 100 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ НА ЈУТЈУБ ЗА РЕКОРДНИ ДВА И ПОЛ ДЕНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Корејската поп група „Блекпинк“ постави рекорд, откако нејзин нов спот собра 100 милиони прегледи на Јутјуб за два дена и 14 часа. Спотот за песната „Убиј ја оваа љубов“, кој уште во првите 24 часа бил прегледан 56,7 милиони пати, го собори досегашниот рекорд на корејскиот пејач Псај.

Во исто време, „Блекпинк“ го урна рекордот за најмногу прегледи во прв ден од објавувањето, што досега го држеше песната на Аријана Гранде „Ти благодарам, следниот“, која успеа да собере 55,4 милиони.

Основана во 2016, „Блекпинк“ го издаде дебитантскиот албум во август истата година и потоа стана највисоко пласирана женска корејска група на американската топ-листа.