„ЛЕНОВО“ ГО ПРЕТСТАВИ ПРВИОТ ЛАПТОП ЧИЈ ЕКРАН СЕ ПРОДОЛЖУВА ВЕРТИКАЛНО

Кина, (Дезин)

Кинеската технолошка компанија „Леново“ претстави лаптоп чиј екран може да се продолжи вертикално, за кој вели дека е прв од таков тип во светот. Моделот „ThinkBook Plus Gen 6 Rollable“ е производствената верзија на концептот што првпат беше претставен пред две години.

Неговата клучна иновација е подвижен екран кој може да се прошири од 14 инчи на 16,7 инчи, додавајќи речиси 50% на вкупната големина на екранот.

Корисниците можат да го активираат проширувањето на екранот со притискање на копче или со гестикулации пред камерата на лаптопот. Кога не се користи, екранот може да се повлече, па уредот функционира како обичен лаптоп.

„Покрај функционалноста, повисокиот екран има и ергономски придобивки зашто поттикнува подобро држење на телото, намалувајќи го напорот за професионалците кои работат долги часови“, велат од „Леново“.