Луѓето во ковид пандемијата подобро комуницираат преку апликации за пораки отколку преку видеоповици, покажа истражувањето на германски универзитет.
Видеоповиците можеби прават луѓето да се визуелно поблиску, но во пракса, повеќето се чувствуваат поповрзани со надворешниот свет преку апликациите како Вотсап, Телеграм и Сигнал. Научниците оцениле дека видеповиците се постресни и покомплицирани да се организираат и поради тоа се сѐ поретки. Исто така, кога учесниците не зборуваат еден со друг, има долги паузи или, пак, забораваат да ги исклучат микрофоните.
„Откривме дека испраќањето кратки пораки преку ‘месинџер’, без разлика дали е текстуална или видеопорака, повеќе им помага на луѓето да останат во контакт со роднини и пријатели отколку видеоконференциите. Луѓето се чувствуваат блиски кога брзо куцаат и си праќаат текстуални пораки“, вели Никол Кремер, професорка по социјална психологија на Универзитетот Дуизбург-Есен.