МАЛЕЗИСКИ БИЗНИСМЕН ГО КУПИ ПРВИОТ ОБЈАВЕН ТВИТ ЗА 2,9 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ГО СПОРЕДИ СО „МОНА ЛИЗА“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Првиот твит објавен од основачот на Твитер Џек Дорси се продаде на аукција за 2,9 милиони долари, а купувач е малезиски бизнисмен. Твитот „Just setting up my twttr“ беше објавен на 21 март 2006 и со него почна историјата на една од најпопуларните социјални мрежи. Дорси кажа дека ќе ги донира парите во хуманитарни цели.

Сина Естави го спореди ова со купувањето на „Мона Лиза“. Тој го купи твитот со криптовалутата етер, која е ривал на биткоин.

„Ова не е само твит. Мислам дека за неколку години луѓето ќе ја сфатат неговата вистинска вредност. Тој е како ‘Мона Лиза‘“, изјави Естави.

Твитот е продаден во форма на криптографски токен (НФТ), уникатен дигитален сертификат кој покажува кој е сопственик на видео, фотографија или некоја друга форма на онлајн медиум. Тој ќе остане јавно видлив и по продажбата, а Естави ќе добие сертификат дигитално потпишан и верифициран од Дорси.

Овие токени станаа многу популарни оваа година и на овој начин се продаваат и скапи уметнички дела.