Откако најави дека ќе се ослободи од препознатливото лого на Твитер, Илон Маск денеска ја замени сината птица со знакот Х. Маск, кој го смени името на бизнисот во „X Corp“, изјави дека промената требаше да се направи многу одамна. Уште една промена е што „твитовите“ во иднина ќе се викаат „x’s“.
Според некои извештаи, Маск сака да создаде суперапликација налик на кинеската ВиЧет. Оваа платформа само во Кина има 1,29 милијарди корисници.
„Сакам да го променам логото на Твитер. Наскоро ќе им кажеме збогум на брендот Твитер и постепено на сите птици“, кажа Маск вчера.
Новата извршна директорка на компанијата Линда Јакарино изјави дека ребрендирањето е возбудлива нова можност.
Птицата во досегашното лого се викаше Лери, според кошаркарската легенда Лери Брд.
(Фото: Гети)